Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛДП до СДСМ: Со Жерновски да не ви се повтори Јакимовски

ЛДП до СДСМ: Со Жерновски да не ви се повтори Јакимовски

Централниот одбор на Либерално-демократската партија синоќа го исклучи од партијата и од сите партиски тела и органи поранешниот претседател, Андреј Жерновски, поради преминувањето во СДСМ.

„На Жерновски, ЦО на ЛДП му посака среќа и успех во натамошната работа, а на СДСМ им посака овој пат да не им се повтори Стевчо Јакимовски“, соопшти ЛДП.

Членовите на Централниот одбор на седницата го избраа и вториот потпретседател на партијата, Игор Вељаноски, кој досега ги извршуваше функциите на претседател на градската организација на ЛДП и советник во Советот на Општина Кисела Вода.

Исто така, била донесена одлука на наредните локални избори да биде дел од победничката коалиција со СДСМ, коалиција која гарантира враќање на демократијата на локално ниво, расчистување со криминалното работење и конечно, посветување на реалните локални проблеми на граѓаните.