Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКривичниот совет повторно ќе расправа за притворот на Кочан

Кривичниот совет повторно ќе расправа за притворот на Кочан

По одлуката на Врховниот суд на чело со Јово Вангеловски, да му биде укинат притворот на Сеад Кочан, сопственикот на телевизијата „Нова“, кој е осомничен во случајот на СЈО под името „Труст“, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, треба да донесе одлука дали нему повторно ќе му одреди притвор или ќе остане на слобода, пишува порталот „НОВА ТВ“.

Врховниот суд ги укина решенијата на Кривичниот суд и на Апелација, кои донесоа одлука бизнисменот да оди во притвор, а постапувајќи по жалба поднесена од СЈО.

Основен суд Скопје 1 повторно ќе одлучува дали ќе има или нема притвор, бидејќи предметот се враќа во фазата кога повторно ќе се одлучува по жалбата на СЈО против решението на судијата на претходна постапка.

Врховниот суд одлуката за укинување на притворот ја донесе постапувајќи по Барањето за заштита на законитоста (БЗЗ) кое го поднесе првиот човек во Јавното Обвинителство, Марко Зврлевски.

Во „Труст“, Кочан се сомничи дека со фалсификувана документација заедно со фирмите „Силекс Неметали и „Вато“ добиле тендер од државната ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.