Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКривична пријава за директорката на Музеј Куманово

Кривична пријава за директорката на Музеј Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ц. (40) директор на Национална установа-Музеј Куманово, заедно со уште неколку други лица, осомничени за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 07.02 до 05.03 првоосомничената, спротивно на законските прописи овозможила вработување на еден извршител-кустос во Народната установа оставајќи ги во неповолна положба другите кандидати.

Претседателот на комисијата заедно со останатите членови не извршиле селекција на кандидатите и утврдиле дека сите кандидати ги исполнуваат условите иако двајца од нив не ги исполнувале условите кои биле објавени во огласот.

Претседателот на Управниот одбор заедно со останатите пријавени по претходно поднесени приговори од страна на кандидатите донеле одлука приговорите да бидат одбиени иако кандидатите ги исполнувале условите од објавениот оглас, при тоа овозможувајќи и на првопријавената да вработи кандидат кој не ги исполнува условите.