Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеКритична маса и оваа среда: „Врти-учи, на точак“

Критична маса и оваа среда: „Врти-учи, на точак“

„На точак“ ја најави новата Критична маса, која се оддржува секоја последна среда во месецот. Овој пат темата ќе биде „Врти-учи, на точак“.

„Велат еднаш штом научиш да возиш велосипед, не се заборава. Тоа е меморија вградена во врската меѓу невроните и мускулите. Да се вози велосипед е една од наједноставните и најрадосните активности, но тоа не значи дека не е неопходна едукација“ – истакнуваат „На точак“ во најавениот настан на фејсбук.

Посочуваат дека секојдневно луѓето кои возат со денеции прават грешки, така што возат од левата страна на улицата или не даваат сигнали и непредвидливо се однесуваат.

„Јасна е неправдата која дизајнот на нашите градови им ја нанесува на учесниците во сообраќајот на велосипед и јасна е револтираноста која сите на велосипед ја имаме. Но, сообраќајната едукација нема само да нè дисциплинара нам, нема да помогне само велосипедистите да се однесуваат побезбедно во постоечките лоши услови, туку на сите граѓани ќе им даде вештини и сознанија за подобри услови и ќе ги збогати со информации кои ќе им помогнат да се изборат за такви услови“.
na tocak kriticna masa
Според велосипедистите, научно е докажано дека децата кои пристигнуваат на училиште пешки или со велосипед, подобро се концентрираат.

„Дали до секое школо стигнува безбедна пешачка и вело-инфраструктура? Дали околу школите функционираат зоните на смирен сообраќај? Дали децата го добиваат потребното образование за снаоѓање во сообраќајот? И додека условите навистина не се безбедни за да поканиме мали деца да одат сами со точак на школо… сепак треба да ги научиме на вештините на управување со нивното прво возило и на правилата за учество во сообраќајот. На областите инфраструктура и култура мора паралелно да се работи. Ако чекаме инфраструктурата да стане совршена за да вметнеме повеќе сообраќај во образованието, тогаш ќе нема кој да ја користи“.

Според нив секоја национална и локална власт, во ера на климатски промени треба да донесе стратегија за поттикнување на активниот и незагадувачки транспорт. Дополнуваат дека една од областите низ кои таа стратегија треба да се спроведе е образованието. Апелираат дека ова би значело сообраќајно образование на деца во основни и средни училишта, теоретски и практични вежби со велосипед како превозно средство кое може да го возат и кое треба да продолжат да го возат и после детските денови. Потребни би биле и означени велосипедски полигони, после чие совладувањесо менторство на учители би се излегло и во реален сообраќај.

„Предшколско вело-образование преку игра, на забавен начин за децата. Децата да ги совладаат вештините за користење на точакот, да одржуваат рамнотежа, да закочат и пред се да уживаат. За ова да се спроведе потребни се дворови на градинките ослободени од моторен сообраќај, не е неопходен фиксен полигон туку мобилни елементи. Прво низ игра, а теоријата ќе следува подоцна“ – истакнуваат „На точак“.

Критичната маса ќе започне во 17.30 часот од детскиот полигон кај паркот Македонија во населба Тафталиџе.