Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈА(Видео): Тестиран мега автобусот во Кина кој вози над автомобилите

(Видео): Тестиран мега автобусот во Кина кој вози над автомобилите

Кинескиот автобус наречен „Transit Elevated Bus“ (TEB) помина успешно на своето прво-тест возење во градот Цинхуандао. Иако при тестирањето не беа симулирани реални состојби во сообраќајот и автобусот возеше многу бавно на демо патека долга само 300 метри, инженерите велат дека ова е доказ дека овој автобус функционира, што всушност била и целта на ова тестирање.

Автобусот е долг околу 22 метри, широк 7,8 метри и висок 4,8 метри. Може да собере до 300 патници, а под него може да поминуваат повеќе автомобили кои се пониски од 2 метри.