Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКриминален „октопод“ од банкари, сметководители и бизнисмени на повидок да ја разбранува јавноста

Криминален „октопод“ од банкари, сметководители и бизнисмени на повидок да ја разбранува јавноста

 

Според скопската телевизија Алсат М, финансиската полиција работи на откривање на случај на организиран криминал.

Во  мрежата на Финансиската полиција,  паднале околу 20-тина лица по неколкумесечна истрага.

Телевизијата, исто така  дознава дека повеќето од нив се приведени одделно, но операцијата сè уште трае за останатите челнови кои се следени од властите. АЛСАТ од свои извори брифира  дека станува збор за добро организирана група банкари, сметководители и бизнисмени, кои покрај затајувањето данок, отишле дотаму што планирале јавни тендери од институциите во земјава.

Приведените лица се очекува наскоро да бидат изведени пред Судот за мерка притвор. Исто така, сè уште не се познати износот присвоен од групата и штетата предизвикана на државата. Расчистување на овој случај, кој ќе предизвика огромен интерес во јавноста, се очекува многу наскоро.