Thursday, May 9, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКонтрадикторно, пандемијата од Ковид-19 ја раздвижи руралната македонска економија.

Контрадикторно, пандемијата од Ковид-19 ја раздвижи руралната македонска економија.

Освен голем број на негативности во секојдневното живеење и функционирање, последиците по здравството, но и во економскиот сектор, се чини пандемијата од Ковид-19 во Македонија донесе една позитивна вест: оживување на многу запуштени и одамна иселени села во сите краишта на земјата. Многумина, барајќи спас од градските гужви, карантинот и стресот, масовно се преориентираа кон селата и родните места на своите предци, поминувајќи ги викендите надвор од градските метежи. Тоа доведе до видливо заживување на локалните места, маалски продавнички и локални бизниси.

 

Особено во планинските села, голем број на преостанатите семејства кои се уште живеат во руралните краишта се занимаваат со берење на шумски плодови, капини, малини, диви јагоди, прават слатко и го продаваат, обезбедувајќи еден вид и на егзистенција за себе, и за своето семејство. Исто така берат чаеви, печурки, и други работи кои планината ни ги подарила. Одејќи во тие села и населени места, граѓаните може и да ја поттикнат економијата, потрошувајќи некој денар што се вели, на природен мед, природно слатко од шумски плодови, или оригинален планински чај. Затворањето на границите, предизвика и масовна посета на македонските туристички центри, пред се Охрид, Дојран и Преспа, но и планинските: Крушево, Берово, Маврово, Галичник.

 

Доколку се почитуваа предвидените мерки и трите „златни правила“: носење на маска, социјална дистанца и редовна дезинфекција на рацете, тогаш овие посети се добредојдени и за домашните туристички работници, хотелиери, сопственици на приватни апартмани. Но, последните примери од плажата „Градиште“ на брегот на Охридското езеро, ни покажуваат дека далеку сме од развиена сопствена самосвест за грижа за себе си, најблиските и останатите како грижа за колективното јавно здравје. Цехот го плаќаме сите, секојдневно со троцифрен број на заразени, и со починати од Ковид-19, со бројка која надмина над 500-тини.