Friday, Apr 26, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимКоја крвна група е најотпорна на болести?

Која крвна група е најотпорна на болести?

Истражувањата докажаа дека крвната група може да влијае на целокупното здравје на човекот. Научниците докажаа дека лицата со крвна група А се помалку отпорни на маларија од останатите крвни групи па може да се каже дека крвната група А е послаба во однос на останатите. А која крвна група е најотпорна на болести?

Долгогодишните студии покажале дека крвната група 0 е најсилна од сите. Докажано е дека кај луѓето со крвна група 0 постои помал ризик од заболување од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар, дека поретко имаат проблеми со паметењето од останатите крвни групи и поретко заболуваат од одредени врсти рак како рак на црн дроб и рак на желудник. Заради организмот отпорен на болести, луѓето со крвна група 0 живеат и најдолго.

Една од досега пронајдените причини зошто крвната група 0 е најздрава е тоа што оваа крвна група содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а срцевите и мозочните удари често предизвикуваат згрутчување на крвта.