Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНема ширење на заразни болести во полавените подрачја, тврдат од здравство

Нема ширење на заразни болести во полавените подрачја, тврдат од здравство

Министерството за здравство најостро ги демантира информациите дека скопските клиники се полнат со пациенти од полавените подрачја кои добиле заразни заболувања, откако беше пренесено дека повеќе жители добиле насипи и исфрлувања од повеќедневниот престој во загадена средина.

– Вистината е дека нема појава на заразни болести во поплавените подрачја и тоа беше потенцирано во изјавата од д-р Јованка Костовска од Министерството за здравство, која укажа дека само еден пациент со ентероколит е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и тој е во добра здравствена состојба, се вели во реакцијата од Министерство за здравство.

Здравствените власти порачуваат задолжително да се користат водоотпорни ракавици при чистење, заштитни очила и маски, темелно да се чистат мувлата, калта со топла вода и детергент. Да се фрлат сите предмети кои пливале во вода, а сметот да не се расфрла, туку да се складира во специјални канти за таа намена.