Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКодот на Сноуден кој ги збуни сите

Кодот на Сноуден кој ги збуни сите

Екс разузнавачот Едвард Сноуден објави неразбирлив твит со серија на бројки и букви кој веднаш ги разгоре социјалните мрежи со корисниците кои се обидуваат да ја дешифрираат наводната криптирана порака и нејзиното значење.

snouden kod

Набрзо се проширија и теории на заговор дека ова се всушност кодови за нуклеарниот арсенал на САД, па се до тоа дека Сноуден крие некоја нова тајна за американските политичари. Сепак, пораката не е ништо друго освен грешка на Сноуден и случаен внес на бројки и букви, најверојатно телефонот му се заглавил во џеб, па потоа веднаш го избриша твитот.
Но, теоретичарите не се откажуваат и понатаму тврдат дека зад кодот има голема конспирација, па дали вие имате идеја што би можела да биде.