Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКо-основачот на „Фејсбук“ и помага на Хилари- донираше 20 милиони за да го порази Трамп!

Ко-основачот на „Фејсбук“ и помага на Хилари- донираше 20 милиони за да го порази Трамп!

Дастин Московиц, ко-основачот на „Фејсбук“ се одлучи да издвои 20 милиони долари од своето богатство во кампањата на Демократите со цел да се порази кандидатот на Републиканците, Доналд Трамп на претседателските избори во ноември годинава. Богатството на Московиц се проценува на 10 милијарди, а неодамна тој и неговата сопруга соопштија дека парите им ги донираат на неколку демократски групи, вклучувајќи ги и поддржувачите на Хилари Клинтон.

„Оваа одлука не е лесна, особено затоа што ние сме резервирани кон секој што употребува голема сума на пари за да влијае на изборите. Се надеваме дека нашата донација ќе придонесе Клинтон да работи на агендата која ја презентираше и ќе биде сигнал за Републиканската партија која поддржува ваков кандида“, напишаа неодамна Московиц и неговата сопруга Кари Туна.