Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКина го претстави автобусот на иднината

Кина го претстави автобусот на иднината

Улиците во Кина се во вистински хаос, секој година бројот на возачи милионски се зголемува, а големите гужви и загадениот воздух прават сообраќајот во оваа земја да биде неподнослив. Сепак се чини дека една кинеска компанија го пронајде решението на овој пробле.

Учесниците на 19. меѓународен саем на висока технологија во Пекинг можеа да се уверат во тоа како функционира овој модел на автобус на иднината. Тој работи на принципот „исчекорување“ на сообраќајните ленти и не зависи од било какви гужви.

Со должина поголема од 60 метри може да собере 1.400 патници и да ги превезува од едно место на друго без заземање на просторот на патот. Освен тоа работи на струја и тоа како ја намалува емисијата на штетни гасови во Кина. Поефтина опција е од метро затоа што не вклучува копање под површината на земјата. Ова фантастично решение веќе неколку кинески градови го разгледуваат како опција, веќе во јули или август би требало да биде тестиран од страна на компанијата „Transit Explore Bus“ која се наоѓа во Пекинг.