Thursday, May 9, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЌе почне ли постепено намалување на јавната администрација, после 30-годишно зголемување?

Ќе почне ли постепено намалување на јавната администрација, после 30-годишно зголемување?

Едно од главните ветувања на поранешниот премиер, и лидер  на СДСМ Зоран Заев, пред парламентарните избори на 15 јули, на кои неговата партија победи со 2 пратеници повеќе од опозицискиот конкурент ВМРО-ДПМНЕ, беше намалување на администрацијата за 20%. Еден од главните приоритети на новата македонска влада, ќе биде „ рационализација, оптимализација, и ефективна и ефикасна јавна администрација“. Македонија наскоро, ќе ги отпочне преговорите со Европската Унија, после 15 годишно чекање, како нов исчекор во европристапните интеграции, и освен средување на хаотичните состојби во судско-обвинителскиот систем, исто така се очекува под притисок на самиот преговарачки процес да се дојде во европска, модерна и ефикасна јавна администрација. Досегашниот министер за јавна администрација и информатичко општество,  Дамјан Манчевски, информираше дека бројот на вработени е приближно до 140.000 во 1.299 институции.

Во изминатите 30 години повеќепартиска демократија, македонскиот административен систем, се полнеше со партиски, роднински и пријателски кадри, занемарувајќи ја стручноста, компетентноста и квалитетот на кадровските решенија. Тоа резултираше со создавање на еден „монструм“ од прегломазна, преобемна, пренатрупана државна и јавна администрација која годишно ја чини државата 800 милиони евра, за плати и придонеси од државниот буџет на Македонија. Младите го преферираат работното место во државната администрација, поради сигурност, стабилност и „помалку работа“, а повеќе плата, за разлика од работа во приватен сектор, каде што ќе треба да работат повеќе, да бидат попродуктивни, а да не им биде „сигурно и загарантирано“, работното место во иднина. Тоа резултираше со масовно иселување на младите и образовани кадри, кои не сакаа да се потчинат на партизираноста, клиентилизмот и медиокритетството за да се вработат прво, а потоа да просперираат на едно работно место во државната администрација. Најавената мерка за отпуштање на 20% од администрацијата на Заев е антипопулистичка мерка, политика која е непопуларна и која една партија може да ја прати во опозиција. Но е нужна за развојот на приватниот сектор, подигнувањето на БДП на национално ниво и реализацијата на крупните капитални проекти.