Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЌе ги финансираат училиштата и полицијата од данокот за марихуана

Ќе ги финансираат училиштата и полицијата од данокот за марихуана

Данокот од продажба на марихуана се проценувало дека ќе донесе околу два до три милиони долари во буџетот на американската држава Орегон. Меѓутоа, сега се чини дека тој износ ќе биде многу поголем, а локалните власти со тие пари ќе можат да ги финансираат училиштата и полицијата. Кога ја легализирале марихуаната, властите во Орегон не ни сонувале колку од данокот за марихуана ќе можат да заработат.

Првите проценки се движеле од два до три милиони долари, но за само три месеци од овој данок заработиле 10.5 милиони долари. Судејќи според ова, економистите проценуваат, дека на крајот од годината од данокот во буџетот ќе влезат околу 43 милиони долари. Данокот од продажба на марихуана се движи од 17 до 25 отсто, зависно од причината и местото на продажба.