Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаКакво време не очекува викендов

Какво време не очекува викендов

Денес исто така ќе биде сончево со пријатни временски услови, но во текот на викендот не очекува и нова дестабилизација на времето со нови врнежи од дожд и грмотевици. Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 26 до 32 степени.

Во Скопје исто така ќе биде сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во сабота попладне и во недела ќе биде нестабилно со локален развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови од земјава.