Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосКако ќе изгледаат населбите на месечината?

Како ќе изгледаат населбите на месечината?

Европската вселенска агенција објави дизајни за изгледот на населбите на Месечина, кои се инспирирани од детската емисија Teletubbies. Населбата Lunarville би можела да ја замени Меѓународната вселенска станица до 2024 година, тврди професорот Јан Вернер.

Станува збор за реплика на домот на Teletubbies, во која има слично обликувани простории и која ќе се користи за истражување на горива и нуклеарна фузија.
084438mesec-nashed
„Изградбата на станицата на месечината би довела до голем технолошки напредок и иновации на Земјата“ – вели Вернер.
Планот е вселенската станица да биде изградена на задната страна на Месечината, која не се гледа од Земјата, но нуди најдобри услови за истражување поради добриот „поглед“ кон длабочината на вселената.

Техничкиот факултет во Дармштад во Германија стои зад дизајнот на населбата во која истражувачите ќе поминуваат по неколку месеци, а ќе се хранат со билки и растенија што самите ќе ги произведуваат во стакленици. Сепак, најголемиот проблеми на овој проект се финансиите, бидејќи чини повеќе од Меѓународната вселенска станица која чини 105 милијарди евра. Сепак, професорот Вернер е оптимист дека Европа ќе успее да го реализира.

„Многу работи се уште не знаеме за Месечината. Веруваме дека постојат ресурси кои можат да се покажат како вредни“ – вели тој.