Saturday, May 18, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноЈа продале куќата во градот и изградиле дворец од бајките! (ФОТО)

Ја продале куќата во градот и изградиле дворец од бајките! (ФОТО)

Пејачкиот пар, Разван и Габриела Василе, изгладиле на подрачјето Трансилванија „куќа од бајките“, која стекнала огромна популарност. Овој пар ја продал својата куќа која се наоѓала во близина на главниот град Букурешт, за после две години градење, може да се пофали со еколошки дворец од бајките на 40 километри од градот Сибиу.

Dvorac-12

Како што е наведено, благодарејќи на професионалниот архитект кој им го остварил сонот, нивното место за живот го сочинуваат исклучително органски материјали како глина, слама и песок, без никаква употреба на боја и лак. До крајот на годината овој пар планира во рамките на тој комплекс да отвори ресторан во кој ќе се служи само локална органска храна, а се надеваат дека еден ден од овој дом ќе можат да содадат хотел.

Dvorеc-3

Убедени се дека во тоа ќе им помогне популарноста која нивниот дом ја поседува благодарејќи на страницата на Фејсбук со околу 18.000 пријатели.

Dvorac-4

„Глинениот дворец“ е атракција сама по себе, а на еден пар дури му било овозможено и одржување на церемонија за свадба на ова место од „бајките“.