Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИзгоре дом во скопска Пинтија

Изгоре дом во скопска Пинтија

 

Тешка катастрофа го снајде скопското семејство Али. Црни ѕидови, пепел, уништени спомени… Шестчленото  семејство од скопска Пинтија остана без дом, откако синоќа пожар го зафати вториот кат од нивната куќа. Со растреперен глас, 27 годишната Љуљета пред камерата на Канал 5 раскажа како за миг се што поседувале, огнот им го одзел. На годишнината од бракот со сопругот вечерале со татко и и брат и во долниот спрат од куќата, кога одеднаш слушнале чудни звуци – пламенот веќе се раширил во сите соби.

“Се се случи за помалку од една минута. Се сомневаат дека инсталацијата е, телевизорот дека експлодирал… Јас работам од дете и сето ова ми е со труд спечалено, а се у една минута изгоре.”изјави Љуљета Али.

Причината на пожарот не ја знаат, се сомневаат единствено во проблем со струјата. Сега немаат ништо бидејќи и онака врзувале крај со крај. Сите се невработени, Љуљета хонорарно работела како готвачка, а нејзинот сопруг во хемиско чистење. Живеат со пензијата на татко и од 12.500 денари. За нов почеток им се потребни пари за облека, апарати за домаќинство, хаус мајстори со добра волја.

“Ова е апел за помош, кој колку може. Видовте и сами, ништо нема останато, ни едно парталче ни едно делче, даска, ништо, ништо…”изјави Љуљета Али.

Љуљета најголемата среќа е што во тој момент, нејзините дечиња кои имаат 4 и 8 години, биле на гости кај свекрва и. Соседите пак се мобилизирале уште од синоќа – го поканиле семејството на спиење кај нив, помогнале во гаснење на пожарот, а денеска го собираат и изгорениот отпад.

“Сите комшии дојдоа, пожарна брзо реагираше…изјави Љуљета Али.

Каде ќе престојувате деновиве? – Еве кај комшиите сите се понудија, еден ден ваму, еден ден таму.”

Оваа млада девојка вели дека сега семејната судбина е во рацете на хуманите луѓе. Не испрати со позитивна мисла дека материјалното ќе се надомести, а следната годишнина од бракот ќе ја дочекаат застанати повторно на нозе.

Често пати, во македонските домови се случуваат пожари, најчесто предизвикани од стара и дотрајана инсталација, кои предизвикуваат огромни материјални штети,а неретко однесуваат и човечки животи.