Friday, Mar 24, 2017
HomeАНТИСТРЕСШтосноИталијанец наместо со пари, алиментацијата ја плаќал со пици

Италијанец наместо со пари, алиментацијата ја плаќал со пици

pizza17

Во интересната збрка во случајот на еден татко, по професија пекар, кој секој месец требало да ја плаќа алиментацијата од 400 евра, судот одлучи место пари да може да плаќа и со пици.

Никола Тосо (50) во 2002 година се развел од сопругата Николета Зурин и се нашол во тешка финансиска ситуација, заради што му било тешко редовно да ја плаќа месечната алиментација за својата дванаестогодишна ќерка.

Заради тоа Тосо предложил место со пари алиментацијата да ја обезбедува со пицата калцона и другите теста од својата пекара, во истиот паричен износ што имал обврска да го плаќа.

Неговата поранешна жена поднела кривична пријава откако и досадиле испораките на тесто, но судијата го ослободил пекарот од овие обвинувања.

Во својата пресуда, судијата Кјара Битоци нагласила: „„Место пари, обвинетиот на својата поранешна жена и го понуди истиот износ на отштета во вид на пици од своето работно место“, преносе британски Телеграф.

Пекарот, од мало село во близина на Падова, исто така, тврди дека ги исполнил сите други обврски, вклучувајќи и дека никогаш не пропушта прилика да ја види својата ќерка.

Ќерката, меѓутоа, во 2011 година одлучила да се пресели кај таткото, што значи дека поранешната жена тогаш била должна да плаќа издржување за своето дете, така што од тогаш таткото не ни правел престап.