Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИталија не знае што да прави со имотот на мафијашите

Италија не знае што да прави со имотот на мафијашите

Организираниот криминал во Италија доколку се гледа преку економски параметри е една од најдобро развиените индустрии, па Владата на Италија има проблеми со менаџирањето на целиот запленет имот од мафијашите. Државата располага со 3000 компании, 12000 имоти и над 2 милијарди евра во банкарски депозити.

„Во Италија е потешко да се води сметка за целиот запленет имот, отколку самата борба со мафијата“, оцени Микеланџело Патане јавен обвинител од Сицилија. Во најновата акција на полицијата е запленет имот вреден 1.7 милијарди евра во кој се вклучени луксузни вили, но и околу 700 станбени објекти, па дури и елитна плажа на приморјето на Катанија.

Властите трошат многу средства и ресурси за управување и одржување на целиот запленет имот бидејќи пазарот на недвижности е слаб финансиски, а исто така треба да се внимава и на судските процеси во кои се вклучени илјадници оштетени граѓани.