Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиИсториска ретроспектива: 107 години од првиот број на „Единство“

Историска ретроспектива: 107 години од првиот број на „Единство“

На 27-ми септември пред точно 107 години, односно 1908-та, под редакција на Димитар Влахов во етер излезе првиот број на весникот на македонските револуционери „Единство“.

Овој весник се објавил три дена по обидот за атентат врз Јане Сандански и два дена по планираниот, но неодржан конгрес на МОРО. Се печател во Солун и имал вкупно имал 25 броја. Овој е еден од најпрогресивните весници што се појавија по Младотурската револуција. Се застапувал за доследно и крајно спроведување на револуцијата, за организирање на демократијата и револуционерните сили против реакцијата.

Последното издание на „Единство“ излегло на 5-ти јануари 1909 година.