Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонИстекоа спецификциите на новиот Moto E4 со Android 7.0

Истекоа спецификциите на новиот Moto E4 со Android 7.0

Мotorola веќе ја обнови серијата G за 2017 со смартфоните G5 и G5 Plus. Ова го поставува прашањето дали компанијата планира да го направи истото и за E3 од 2016. Излезе дека и оваа година ќе уживаме во достапен уред од Motorola под овој бренд.

Информациите доаѓа од американската комисија за телекомуникации FCC, која потврдува уред со кодно име XT1762. Токму за овој смартфон се претпоставува дека ќе излезе на пазарот под името Moto E4.

Смартфонот Moto E4 ќе предложи 4G LTE мрежи, 2.4 GHz Wi-Fi и поддршка на работа со две SIM картички. Капацитетот на батеријата е голем – 2800 mAh. Вградената меморија е 16 GB. Оперативниот систем, со кој уредот ќе се појави на пазарот, е Android 7.0 Nougat.

Се уште нема информации колкава ќе е големината на екранот и процесорот, на кои се запреле од Motorola.