Saturday, Apr 27, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонИрина Шајк го откри луксузсниот смартфон Solarin

Ирина Шајк го откри луксузсниот смартфон Solarin

Solarin е нов модел на смартфон, кој се одликува со високо ниво на безбедност, изработен со скапоцен кристален дизајн. За цената не прашувајте, чини дури 14.000 долари. Ова е рачна изработка на Moshe Gogeg, кој се потрудил да креира телефон со голема заштита на личните податоци.

solarin3

Solarin функционира со најновиот Android 6.0 оперативен систем, во кој се интегрирани функции  за заштита на софтверот со сопствен клиент за праќање и примање пораки. Дизајнот е составен од кожа и златни метални делови.

solarin-image1

Дисплејот е голем 5,5 инчи со Full HD резолуција, а задната камера Sony сензор има 24 MP. Под хауба има 8-јадрен Snapdragon 810 процесор со 2.3 GHz, 4 GB RAM меморија и 128 GB простор за складирање на податоци. Дали би можеле да си го дозволите?

Извор: telefoni.mk