Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИнспекторите на АХВ уверуваат дека храната е безбедна

Инспекторите на АХВ уверуваат дека храната е безбедна

Според Зоран Поповски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарството, македонските граѓани можат да бидат мирни бидејќи храната која се продава на пазарите и маркетите е безбедна за консумација и дека случаите на труења се многу ограничени.

zoran popovski ahvГраѓаните на Р. Македонија јадат безбедна храна, тоа е потврдено на многу начини, пред се контролите кои ги врши Агенцијата за храна и ветеринарство се контроли кои се усогласени со начинот на вршење на контроли со ЕУ. Резултатот од извршените контроли во делот на безбедноста на храната е потврда за тоа дека труење со храна на населението е на минимално ниво. Тоа се потврди и во текот на туристичките сезони во летниот период, велигденските празници кога знаеме дека консумацијата на храна е со зголемено ниво, истакна Поповски за време на трибината организирана од институтот Павел Шатев