Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСтруен удар, ги „здрма“ македонските граѓани

Струен удар, ги „здрма“ македонските граѓани

Најавеното поскапување на цената на струјата од страна на Регулаторната комисија за енергетика, предизвика шок, за и онака плиткиот џеб на македонските граѓани. Во време на најголемата светска пандемија од вирусот Ковид 19, кога и светот се соочува со најголемите здравствени и економски последици, граѓаните ќе претрпат уште еден удар по нивниот семеен буџет. И покрај тоа што од оваа комисија и нејзиниот претседател Марко Бисломоски се правдаат дека ова поскапување нема да претставува голем трошок, и дека на „сметка за струја од  1.500 денари, тоа би значело зголемување на 1.650“, на новите сметки, односно некаде околу 7.4 %, во практиката и не е баш така.

 

Македонците и онака зимаат едни од најниските плати на европскиот континент, а невработеноста која во првиот квартал од 2020 година изнесуваше 16,2% според Заводот за статистика, т.е зафаќаше тренд на постојано намалување, сега како последица од Корона-пандемијата, таа е зголемена за неколку процентни поени, односно за нови 20.000 невработени. Ако се земе во прашање, дека струјата е и инпут во крајниот продукт на многу мали и средни бизниси, тогаш ова поскапување, многу логично е да повлече и поскапување на цените на производите за секојдневно живеење, т.е да се предизвика спирален бран на зголемување на цените во малопродажбата. Тоа повлекува инфлација и зголемено осиромашување на просечниот македонски граѓанин.

 

Според податоците, секој петти (5) Македонец живее на работ од сиромаштијата, односно 445.000 македонски граѓани живеат со помалку од 100 денари дневно. После шокот од последиците од Ковид-19, за кои сите светски екперти се согласни дека ќе трае, и дека враќањето во нормала на светската економија, не може да се очекува дека ќе се случи во брзо време, ова промптно покачување на струјата за домаќинствата веднаш после предвремените парламентарни избори, граѓаните го дочекаа со бес, револт и гнев на социјалните мрежи. Има и такви кои во Тетово, Гостивар и Дебар, односно во градовите во Северозападна Македонија, кои започнаа со масовни улични протести против најавеното поскапување. Дали овој бран на незадоволство ќе се прошири и ќе се „излее“ и низ улиците на останатите македонски граѓани, наскоро ќе видиме.