Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИ денеска се одлучува за барањето за притвор на СЈО

И денеска се одлучува за барањето за притвор на СЈО

Сите обвиненија на Специјалното јавно обвинителство се примени во судот вчера, а е познато и кои судии за кои предмети ќе одлучуваат.

Кај судијката Лидија Петровска е распределен предметот „Тарифа“, кај судијата Горан Бошевски предметите „Трезор “ и „ Тенк“, кај судијата Верка Петковска предметот „Титаник-2“, кај судијата Ленка Давитковска предметот „Топлик“, кај судијата Ивица Стефановски предметот „Тендери“ и кај судијата Татјана Михајлова предметите „ТНТ“ и „Траекторија“.

Денеска и утре за барањата за определување на мерки за претпазливост и мерка притвор ќе одлучуваат судиите на претходна постапка. Рокот за прифаќање или одбивање на барањата за притвор е 24 часа.

Со обвиненија се опфатени 94 лица и 7 фирми, а СЈО бара притвор за 18 обвинети и мерки на претпазливост, односно одземање на пасошите за 47 лица.

Обвинетите во овие предмети се товарат за над 20 различни кривични дела вклучувајќи злосторничко здружување, даночно затајување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, повреда на избирачкото право и уништување на изборен материјал.

Во предметите кои досега беа процесуирани во Судот, таму речиси ниту еднаш не се одлучи позитивно по барањата за мерки на претпазливост на СЈО, освен во случајот на битолскиот градоначалник Владимир Талевски којшто доби домашен притвор, но потоа беше укинат.