Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаХрабриот Реџеп ја победи страшната болест, и зачекори кон иднината која му ја носи животот

Храбриот Реџеп ја победи страшната болест, и зачекори кон иднината која му ја носи животот

 

Како воспоставено правило, со поддршка од медицинскиот персонал, секое дете, кое ќе победи една од најтешките болести, заѕвонува на ѕвончето, како последен поздрав и доказ дека ја победило лошата болест.

Овојпат тоа е 3-годишниот Реџеп.

„Реџеп има само три години и може слободно да се пофали дека ги направил трите најважни работи во животот !

1. Не плаче, туку среќен е и по цел ден се смее!

2. Победи страшна болест, па здрав по цел ден игра!

3. Храбар е и може светот да го сврти наопачки.

Да си жив и здрав Реџеп и само напред!“ – пишуваат од здружението за поддршка на деца болни од рак „САНО“ во описот на видеото.

 

Многу родители, потоа дозволуваат да бидат споделени видеата од нивните деца, како поддршка до другите дечиња кои се соочуваат со ваков тип на болести, но и за поткренување на јавната свест кај граѓаните, и здравствените власти, за подобрување на условите за болничкото лекување кај нас, особено кога станува збор за најмалите наши сограѓани.