Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаХипермаркетите „Кауфланд“ ја враќаат марката во оптег

Хипермаркетите „Кауфланд“ ја враќаат марката во оптег

Ланецот на хипермаркети „Kaufland“ во Германија им овозможува на граѓаните во текот на месец јануари да пазаруваат користејќи ја старата германска валута – марката. Иако веќе не е во оптек веќе 14 години, граѓаните на Германија жалат за својата омилена валута. Се претпоставува дека граѓаните кај себе имаат околу 12,9 милијарди марки. Една анкета, која беше спроведена во ноември, покажа дека 54% од германците имаат одредени залихи на марки.

Како поддршка ќе се лансираат сет производи во ретро пакување од 1960-тите години. Од ланецот на хипермаркети се скептични дека граѓаните ќе ги потрошат марките, заради тоа што сметаат дека поголем дел од нив чувствуваат сентиментална вредност кон валутата.