Thursday, May 9, 2024
HomeДЕНЕШНАСветХилари Клинтон стана баба по втор пат

Хилари Клинтон стана баба по втор пат

Хилари Клинтон стана баба по втор откако нејзината ќерка Челси со својот сопруг Мезвинск доби второ дете, синот Ејдан. Челси е единствената ќерка на најизгледниот кандидат на Демократската партија за претседател на САД, Хилари Клинтон и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

„Марк и јас сме полни со благодарност и љубов поради раѓањето на нашиот син, Ејдан Клинтон Мезвинск“, напиша Челси Клинтон на својот официјален Твитер профил. Ејдан е второто дете на на Челси и Мезвинск, кој работи како инвестиционен банкар. Познатиот пар веќе ја има ќерката Шарлот, родена на 27 септември 2014 година.