Thursday, Oct 19, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонГубењето клучеви е минато, набавете “Trakkies”

Губењето клучеви е минато, набавете “Trakkies”

Сигурно на сите им се има случено барем еднаш да заборават да го земат паричникот или телефонот. Но, овој уред со големина на паричник ќе проба да го спречи губењето и заборавањето на работите како паричник, клучеви и торби.

Уредот под називот “Trakkies” може да се постави на голем број предмети, после што по пат на апликација за паметни телефони корисникот ќе биде известен доколку заборави нешто при излегувањето од дома или работа.

Апликацијата, исто така, ќе дава прецизни упатства како да се дојде до заборавениот предмет.

“Trakkies” функционира по пат на “bluetooth” врска која пренесува информација за тоа кога корисникот го напушта окружувањето во кое се наоѓа предметот на кој овој уред е поврзан.

Се очекува дека овој уред во продажба ќе се појави на почетокот на идната година, а неговата цена изнесува 40 евра.

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/Y-jZALULeRc” frameborder=”0″ allowfullscreen></iframe>