Monday, May 13, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски треба сам да се повлече за доброто на партијата, смета Ѓулистана Марковска

Груевски треба сам да се повлече за доброто на партијата, смета Ѓулистана Марковска

Ѓулистана Марковска, долгогодишен пасивен член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна пратеничка во интервјуто за „Макфакс“,вели дека и потребна нова сила и реорганизација на партијата, за да се врати на стариот идеолошки пат за која што е формирана.

„Долго време лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не ја води партијата на тој пат, но не сум сигурна дали тој е свесен за тоа.

Сметам дека луѓето што се околу него не му ја претставуваат вистинската реалност. Според мене, подобро е сам да ја напуштиш оваа функција, отколку после да биде доцна за целата партија. Затоа што ако нардот ве сака пак може да се вратите, а тоа според мене е чесно“, вели Марковска.

Таа не беше децидна дали постои можност за враќање на старото членство, иако за себе рече дека секогаш идеолошки припаѓала на оваа партија.