Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Талат Џафери за нас е само пратеник

Груевски: Талат Џафери за нас е само пратеник

Никола Груевски денес истакна дека не го признаваат легитимитетот на Талат Џафери како претседател на Собранието затоа што е избран на незаконски начин со прекршување на многу одредби од Уставот и Деловникот.

– Тој е во моментов, а веројатно така ќе остане и понатаму узурпатор на позицијата претседател на Собранието. Тој за нас може да биде само пратеник, тука е избран легитимно од граѓаните и ние тоа не го оспоруваме. Но, претседател на Собрание не може да биде наречен затоа што е избран на целосно незаконски, неуставен и неделовнички начин, изјави Груевски по увидот на градежните активности на Градскиот стадион Филип Втори во Скопје.