Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГрејната сезона започнува од 15-ти октомври

Грејната сезона започнува од 15-ти октомври

Од четврток стартува грејната сезона. Сите граѓани кои се приклучени на централното градско греење ќе имаат топли радијатори од 15-ти октомври.

Од БЕГ информираат дека само минатата недела се поднеле околу 50 барања за приклучок на парно греење, а проценките се дека до почетокот на грејната сезона ќе се вратат уште 1000 домаќинства кои предходно го откажале парното греење. Домаќинствата приклучени на БЕГ во јули добија поевтинување за 0,19 отсто, за приклучените на Елем Енергетика со калориметар , намалувањето е за 4 проценти , поскапување добија оние без мерачи и тоа за 1 отсто. Значително поевтинување добија индустриските корисници, училиштата и градинките.