Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГрадинките од 1 септември ќе работат во две смени

Градинките од 1 септември ќе работат во две смени

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска соопшти дека од 1 септември градинките треба да почнат со двосменско работење.

Согласно владината Одлука донесена на 10 јули годинава, првите смени ќе бидат од 7:00 до 14:30 часот, а вторите од 14:00 до 21:30 часот. Ќе се работи и секоја прва сабота во месецот од 8:00 до 16:00 часот.

Царовска истакна дека Министерството е подготвено за вработување нови кадри доколку е тоа потребно за да се спроведе двосменското работење.

– Целта на двосменското работење е децата и родителите да ја добијат потребната грижа од јавите установи, напомена Царовска.