Friday, Sep 18, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаОд утре градинките и институциите ќе работат во две смени

Од утре градинките и институциите ќе работат во две смени

gradinka

Во повеќе институции од утре се воведува двосменско работење. УЈП, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, МВР, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав се институциите, први ќе почнат да работат во две смени.

Работното време во овие институции ќе биде од 7:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, а ќе се работи и првата сабота од месецот, но само во една смена од 8:00 до 16:00 часот.

Што се однесува до флексибилното време кое ќе се воведе, работниот ден ќе трае 8 часа со што почетокот на работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот.

Од утре втора смена се воведува и во градинките, кои ќе згрижуваат деца до 21 часот и 30 минути. Работна ќе биде и секоја прва сабота од 8 до 16 часот.

Владата овие реформи ги воведува со цел да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните.