Tuesday, May 7, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Gorrilaz“ се враќаат со нов албум

„Gorrilaz“ се враќаат со нов албум

Во текот на последните неколку месеци, Дејмон Албарн работеше на нови песни заедно со составот „Gorrilaz“ и првобитниот план беше новиот албум да биде објавен во 2016 година. Но, како што открива неговиот соработник Џејми Хјулет, тоа „специјално издание“ не треба да се брза и да се објави пред 2017 година. И понатаму неименуваниот албум ќе биде шесто студиско издание на популарниот состав и продолжување на музичката приказна од 2011 година под назив „The Fall“.

Gorilaz-1

И покрај тоа што голем дел од деталите поврзани за песните од предстоечкиот албум се чуваат во тајност, познато е дека Албарн соработуваше со легендарниот композитор Жан-Мишел Жар, како и со пејачот Лијам Бејли и со раперот од Чикаго Вик Менс.

Gorilaz-2