Saturday, May 4, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиГолема забава за скопјани со петтиот вино-фест

Голема забава за скопјани со петтиот вино-фест

Од денес, со почеток во 18:00 часот на  паркингот од Веро Центар, ќе се одржи петтиот Пролетен вино-фест. Фестивалот ќе понуди дегустација на сортни македонски вина и вкусни деликатеси по промотивни цени, најавуваат организаторите. Покрај дегустација на вина, посетителите ќе може да уживаат и во збогатена разновидна музичка програма. Фестивалот ќе трае пет дена, односно до недела.