Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГолем помор на риби во езерото Мантово

Голем помор на риби во езерото Мантово

Голема еколошка катастрофа се случува на езерото Мантово, известија од Риболовниот клуб „Крап“ од Радовиш, чии спортски и рекреативни риболовци јавија дека на езерото Мантово се случува еден досега за ова езеро незабележан помор на риби.

– Денес бевме сведоци на една голема еколошка катастрофа која се случува на езерото Мантово. Од страна на наши спортски и рекреативни риболовци во текот на целиот ден добивавме повици дека на езерото Мантово се случува еден досега невиден помор на рибите. Излеговме на терен и ја увидовме состојбата. Ова, можеме да кажеме, е една од најголемата еколошка катастрофа која се има случено на ова наше езеро, се вели во соопштението на Риболовниот клуб „Крап“ од Радовиш.

Од риболовците кои го посетуваат тој терен се дознава дека ова се случува во последните три дена и дека ниедна иснтитуција досега од Мантово не земала примероци за да ја утврди состојбата, како и причината за угинување на рибите.

Риболовците апелираат веднаш да бидат преземени соодветни мерки со цел да се утврди причината за поморот на рибите, и да се најде евентуалниот сторител на овој непримерен чин.