Friday, May 17, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГерманците до 2023 година воведуваат автоматски возови

Германците до 2023 година воведуваат автоматски возови

Германската национална железничка станица „Дојче Бан“ планира воведување на автоматски возови во Германија најдоцна до 2023 година. Првиот човек на „Дојче Бан“ Ридигер Грубе изјави дека ваквите автоматски возови нема да бидат оперативни „преку ноќ“. „Моја проценка е дека 2021, 2022 или 2023 година ќе бидеме подготвени да имаме комплетно автоматизирани возови“, изјави Грубе за германските медиуми.

Тој истакна дека воведување на такви возови во мрежата на брзи, регионални и теретни возови покомплицирано отколку системите за подземни железнички станици. Германската железничка станица, која во 2015 година забележа губиток прв пат после 12 години, започнала повеќе пилот проекти за автоматски возови.