Friday, May 17, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаГАЛЕРИЈА: Заврши 31 по ред издание на Макфест во Штип

ГАЛЕРИЈА: Заврши 31 по ред издание на Макфест во Штип

Макфест e фестивал на поп музика кој секоја година се одржува во Штип, Македонија. Фестивалот има две полуфинални и една финална вечер. Макфест има долга традиција, по прв пат се одржа уште во далечната 1986 година. За време на првата полуфинална вечер од „Макфест 2016“ година, на сцената на 31 издание на македонскиот фестивал на забавна музика во придружба на ревискиот оркестар на МРТВ настапија 15 изведувачи од земјата и од странство.

На оваа вечер беа избрани 10 најдобри композиции кои настапија и на втората полуфинална вечер: Лена Заткоска – „Да сум твоја“ Зоран Рудан-Цеки – „Душа балканска“, Стефан Давидовски – „Што ќе ми е друга“, Александра Јанева – „За сто години“, Викторија Лоба – „Ти знаеш најдобро“, Мартинијан Кириловски – „Смрзната во прегратка“, Александра Михова – „Да ми помине баш се“, Горан Наумовски – „Кога беше крај мене“, Џокси – „Тројца“, Мариа Масле – „Балкатон“.

Втората полуфинална вечер беше одржана во петокот, каде 15 изведувачи се бореа за останатите 10 места во финале, односно продолжи борбата за првото место и наградата од 10.000 евра.

Во борбата за првата позиција и победа од синоќашната финална вечер на 31 издание на Макфест по ред победи Струмичанката Александра Јанева со композицијата „За 100 години“ и ја освои главната награда од 10.000 евра. Во борба за првата позиција во финалната вечер влегоа 20 најдобри композиции од ова натпреварување, а Александра покрај првата награда, ја освои и наградата за вокална интерпретација „Драган Каранфиловски – Бојс“. Второто и третото место и припаднаа на Симона Попоска и Антонија Гиговска.

Втората награда изнесуваше 7.500 евра, а трето наградената песна доби сума од 5.000 евра. Покрај главните награди, беа уште доделени и наградата за најдобар аранжман и сценски настап, чија вредност изнесува 1.000 евра. Фестивалот е во организација на локалната самоуправа, а финансиски е поддржан од Министерството за култура и Општина Штип.

Фотографија: Тоше Ристов и Тоши Трајчев