Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаУтре започнува 31-то издание на „Макфест“

Утре започнува 31-то издание на „Макфест“

Утревечер во домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, започнува 31. издание на фестивалот “Макфест”. Фестивалот е поделен на две полуфинални вечери кои ќе се одржат утревечер и во петок и финалето во сабота.

Триесет изведувачи од кои 23-ца од Македонија и 7-мина странски изведувачи ќе се претстават во двете полуфинални вечери кои ќе се борат за финалната вечер, каде што ќе влезат 18 песни.

Вкупниот награден фонд на фестивалот годинава е 26.500 евра. Победникот со авторскиот тим добива 10.000 евра, второпласираниот 7.500, а третиот 5.000 евра. Награди од по 1.000 евра ќе добијат најдобриот аранжман, интерпретација, дебитант и сценски настап.