Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаФронтменот на „Електрични оргазам“ ќе стане будистички монах

Фронтменот на „Електрични оргазам“ ќе стане будистички монах

Фронтменот на рок групата „Електрични оргазам“, Срѓан „Гиле“ Гојковиќ има намера следната година да се замонаши во будистички храм во Мјанмар, објави „Блиц“.

Гиле пред неколку години се приклони кон будизмот, и сега е потпретседател на друштвото „Средишен пат“, чиешто седиште се наоѓа во Белград, и кое постои веќе пет години. Се планира и изградба на будистички храм во околината на српскиот главен град.

Пејачот, заедно со Бранко Ковачевиќ, претседателот на друштвото, беа домаќини на Камај Дамамаи, кој држеше предавање за таа религија.