Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноПриказната на згодниот манекен кој се посвети на Бога

Приказната на згодниот манекен кој се посвети на Бога

Младиот Лаша чекорејќи по модните писти никогаш не претпоставувал дека еден ден неговиот живот целосно ќе се промени и тој ќе се посвети на Бога. Надворешниот изглед, убавината, згодното тело се денес толку исфорсирани што луѓето ги прави површни со плитки карактери, но манекенот Лаша, млад човек со можност за успешна кариера во модната индустрија целосно се одрекнува од таквиот живот по една случајна средба со неговиот исповедник, архимандридот на Грчката делегација која што допатувала во Грузија пред 5 години во Црквата Света Тројца.

lasha

– Благодарен сум на Бога, бидејќи толку млад човек тешко се подготвува за самостоен живот, но тоа е мој подарок од Бога. Радикално ги променив полињата на моите интереси и живот, и сега ми се најважни молитвите и работата во манастирот. Подолг период минав во целосна тишина, вели отец манекенот Лаша кој стана отец Дионисије.

lasha2

Замената на манекенската кариера за посветеност на христијанската црква е најдоброто нешто за отец Дионисије – „ Кога за прв пат го посетив тоа место каде што апостол Павле проповедаше за Христос, почувствував неверојатна радост. Тогаш и ја донесов својата одлука за да се замонашам и сега сум многу среќен“, раскажува тој.

Кога се заминашил го земал монашкото име Дионисије по Дионисиј Ареопагит и денес е посветен на духовно советување на христијаните во Америка и Канада. Неговата приказна е многу инспиративна, можеби не треба секој да отиде во манастир за да се замонаши, но на убав начин ни укажува за важноста на духовноста, па во продолжение може да го погледнете и документарниот филм за отец Дионисије.