Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија„Форд“ ќе почне да произведува мотори во Русија

„Форд“ ќе почне да произведува мотори во Русија

„Форд“ ќе произведува мотори во Русија. Американската фабрика за автомобили ќе стане прва странска компанија која ќе почне производство на свои мотори во Русија, во руската Република Татарстан.

Компанијата „Форд Солерс“ заедничка фирма на „Форд“ и руската автомобилска компанија „Солерс“, соопшти дека во Татарстан ќе покрене фабрика за производство на мотори, вредна 275 милиони долари. Планираниот годишен капацитет на фабриката во првата фаза ќе биде 105.000 мотори, со можност за иден раст до 200.000 мотори, се наведува во соопштението.