Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФиладелфија: Во пукање повредени двајца полицајци и тројца цивили

Филаделфија: Во пукање повредени двајца полицајци и тројца цивили

Маж напаѓач и една жена починале, а двајца полицајци и тројца цивили биле повредени во пукање на улиците во Филаделфија, соопштија властите во САД. Комесарот на полицијата во Филаделфија Ричард Рос изјавил полицајците започнале потера за мажот откако претходно повредил една жена полицаец, а потоа уште еден член на полицијата.

И двајцата се наоѓаале во стабилна состојба, пренесува полицијата. Меѓутоа, еден од цивилите се наоѓал во критична состојба.