Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФетаи синоќа имал сообраќајка

Фетаи синоќа имал сообраќајка

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи вечерва имала лесна сообраќајка, но не е повредена, потврдиле од МВР за порталот СДК.

Според неофицијални полициски извори, сообраќајката се случила пред Судска палата во Скопје. Фетаи била во службеното возило што го возел нејзиниот возач, а била упатена на приемот во Американската амбасада.

МВР ова го води како лесна сообраќајка која како таква не е заведена во службениот билтен.

Веднаш по настанот, Фетаи заедно со специјалната обвинителка Катица Јанева и колегите од СЈО дојде на приемот во Американската амбасада по повод Денот на независноста на САД – 4 Јули.