Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер против Вавринка во полуфиналето на УС Опен

Федерер против Вавринка во полуфиналето на УС Опен

Рожер Федерер си обезбеди место во полуфиналето на УС Опен по одличната партија против Ричард Гаске во четвртфиналето. По само 90 минути игра Швајцарецот успеа да го збрише противникот со 6:3, 6:3, 6:1 по сетови и уште еднаш потсети на својата форма од најдобрите денови.

Неговиот сонародник, Станислас Вавринка, исто така без поголеми проблеми го победи Кевин Андерсон со 6:4, 6:4, 6:0 по сетови, за Швајцарско полуфинале на УС Опен.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ.