Tuesday, Apr 30, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕвропа „полуде“ за хрватските фудбалери!

Европа „полуде“ за хрватските фудбалери!

Хрватите играат одлично во досегашниот тек на Европското првенство во Франција, што на нивните фудбалери секако им помага да пронајдат нови и подобри клубови. Младиот Шиме Врсаљко веќе стана нов член на Атлетико Мадрид, додека за Иван Перишиќ интерес покажаа Барселона и Челси и други. Во саботата навечер, младиот Шиме Врсаљко играше против Хуанфран, играчот кој ќе му биде директна конкуренција за место во тимот на Диего Симеоне.

Шиме Врсаљко

Врсаљко го напушта Сасуоло, со кој во последните две сезони имаше неколку блескави моменти, а од таму ќе се пресели во шпанската Примера. Тој ќе биде второто ново големо засилување за Атлетико Мадрид откако во клубот веќе пристигна Гајтан од Бенфика. Диего Симеоне веќе сега има повеќе од респектабилни дефанзивни опции во составот, кој минатата сезона прими само 18 погодоци во „Ла Лига“.

Иван Перишиќ игра фантастично на ова Европско првенство во репрезентативнио дрес, а посебно беше забележителен во натпреварот со Шпанија кога и го постигна победничкиот погодок. Токму поради тоа и не е чудно што за фудбалерот на Интер интерес прикажуваат најголемите гиганти во Европа, а прва во редот стои Барселона, барем така пренесува каталонскиот магазин „Лист“.

Договорот со Интер на Перишиќ му истекува во 2020 година, но наводно од Интер се подготвени да го пуштат за сума од 30 милиони евра.

Иван Перишиќ

Покрај Барселона, Перишиќ е голема желба уште и на Челси, Манчестер Јунајтед и Парис Сен Жермен. Тој минатото лето пристигна од Волфзбург во Интер во трансфер вреден 18 милиони евра, а нешто порано играше уште и за Борусија Дортмунд, Клуж и Роселар.