Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕУРО 2016: Реприза на финалето од 2012-та година во осминафиналната рунда

ЕУРО 2016: Реприза на финалето од 2012-та година во осминафиналната рунда

Со минималните победи на Белгија и Ирска од 1-0 против селекциите на Шведска односно Италија се комплетираа двојките кои ќе се натпреваруваат од осминафиналната фаза од тековното Европско првенство.

Несомнено, дуелот меѓу актуелниот европски првак Шпанија и репрезентацијата на Италија ќе биде еден од најнеизвесните и непредвидливите мечеви од оваа рунда, а секако тука е и пресметката меѓу Хрватска и Португалија која влезе како третопласирана селекција во најдобрата четворка благодарение на извојуваното реми од 3-3 против лидерот од групата Ф, Унгарија.

Останатите двојки ги сочинуваат: Швајцарија – Полска, Велс – Северна Ирска, Франција – Република Ирска, Германија – Словачка, Унгарија – Белгија и Англија – Исланд.

Првиот натпревар ќе се одигра на 25-ти (сабота) со почеток од 15 часот.