Friday, May 17, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕден починат во тракторска несреќа во Дебарско

Еден починат во тракторска несреќа во Дебарско

Вчера во 15.10 часот во ПС Струга, од Медицински центар Струга било пријавено дека кај нив бил донесен починат К.Ф. (50) од с.Долгаш, дебарско.

Имено, лицето како сопатник се превезувало во трактор кој го управувал О.А. (33) од с.Долгаш, дебарско. Во еден момент, К.Ф. паднал од тракторот и бил прегазен од истиот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Дебар.